Многу луѓе би сакале да патуваат за време на летото, а дел од нив би патувале и со авион. Експерти од областа на епидемиологијата објаснуваат како да ги намалите ризиците за заразување со коронавирус при летањето.
Според нив, најважно е да седите оддалечени од останатите патници бидејќи дури и патниците кои немаат симптоми може да го пренесуваат коронавирусот. Ризикот да се заразите одговара на изложеноста на вирусот, односно на времето во кое сте биле изложени на вирусот и количеството на заразени капки во воздухот.
Треба да се земат предвид и
заразените површини. Вирусот може да преживее со часови на површината, а доколку има заразен патник, вие може да се заразите со допирање на истата површина после тој патник доколку ги допирате устата или носот.
Фото: Pixabay
Не постои начин патувањето со авион да биде целосно безбедно, но може да се преземат некои чекори за да се намали ризикот за ширење на вирусот. Најдобро е да ја елиминирате опасноста. Бидејќи не може да го елиминираме коронавирусот, прашајте се дали може да го елиминирате патувањето. Размислете за начини на кои може да го замените летањето со патување со автомобил.
Доколку сепак се одлучите за летање, проверете ги правилата за седење и влегување во авионот на авионските агенции. Некои преземаат мерки, но има и такви кои ги надминуваат дозволените капацитети за летање. Размислете и за резервирање повеќе кратки летови со што ќе ги намалите шансите за користење на тоалетот, но и времетраењето на можната изложеност на вирусот.
Откако ќе направите резервација, одберете го седиштето до прозорецот, доколку е возможно. На тој начин, околу вас ќе има помалку луѓе кои можеби се заразени.
Фото: Pixabay
За време на летањето, ќе допрете многу површини. За да го намалите ризикот од зараза, со себе носете марамчиња со кои ќе ги дезинфицирате површините како безбедносниот појас и личните предмети, како пасошот. Со себе носете и мали пластични ќеси во кои ќе ги ставите личните предмети, кои ќе останат дезинфицирани додека се затворени.
Мијте ги рацете или користете гел за дезинфекција што почесто. Сапунот и водата се најефикасни, но гелот за дезинфекција ги убива бактериите на местата кои сте ги пропуштиле за време на миењето.
Откако ќе седнете на седиштето, не станувајте доколку навистина немате потреба. За време на летањето пожелно е да носите маска. Експертите не препорачуваат користење ракавици бидејќи тие може да ви дадат лажно чувство за безбедност. Патувањето со деца не се препорачува, додека бебињата под 2 години не треба да носат маски.
Автори: Палома Бимер и Кејси Ернст
Извор:
wеforum.org