X
 30.08.2017 Живот

Како да се преживее во случај на нуклеарна војна?

Поддржувачите на верувањата за судниот ден предвидуваат нуклеарна војна од оној ден кога беше фрлена атомска бомба во Хирошима во 1945 година. И додека владееше Студената војна, 7 други земји се обезбедија со нуклеарно оружје: Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја.


Здружението на американските научници тврди дека на светот во 2016 година имало 15.350 нуклеарно боеви глави, а повеќе од 90% од нив се во сопствеништво на САД и Русија.

Ако човештвото навистина започне нуклеарна војна, постојат трикови со кои можете да ги зголемите шансите за преживување. Бидејќи целата нуклеарна сила се наоѓа во северната хемисфера на Земјата, логичен и најдобар совет е да појдете на југот, во секој случај, јужно од екваторот.

Земјите како Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка и Аргентина се идеални поради големиот простор со слободна земја за одгледување храна, а мали се шансите дека ќе станат мета на нуклеарен напад. Ако војната се рашири и натаму, тргнете кон Антарктикот. Ќе биде лошо, но со соодветна заштита и резерви можете да преживеете неколку месеци.

На самата локација на нападот луѓето немаат шанси за преживување. Ако сте на неколку километри оддалеченост, ќе видите силен блесок и ударот ќе ве стигне за неколку секунди.

Држете ја устата отворена за да не ви пукнат ушните тапанчиња, па почнете да трчате – имате 10 до 15 минути време да побегнете од радијацијата. Ако знаете каде да пронајдете противнуклеарно засолниште, упатете се таму.

Многу светски милионери веќе изградиле сопствени бункери во кои може да се живее по неколку години, а се опремени со генератори, водни цистерни, самоодржливи градини и слично.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот