X
 30.01.2020 Здравје

Коронавируси - како еволуирале и како да се заштитиме објаснуваат од „Жан Митрев“

Во последниве денови до сите нас стигнаа информациите за неодамнешните случаи на пневмонија предизвиканa од нов вид betacoronavirus, новиот 2019 coronavirus (2019-nCoV), најпрво откриен во Вухан (Кина).
Во првичното испитување на 41 пациент примени до 3 јануари 2020, како чести симптоми во почетната фаза на инфекцијата биле забележале фебрилност (зголемена телесна температура и треска), кашлица, мијалгија (болка во мускули) и замор, а симптоми кои поретко се манифестирале биле лачење на спутум, главоболка, хемоптиза (искашлување крв) и дијареја. До осмиот ден по заразувањето кај половина од пациентите се појавила и диспнеа (недостиг на здив), а околу 60% од пациентите имале и лимфопенија (ниска концентрација на лимфоцити). Кај сите пациенти болеста се манифестирала со пневмонија и промени во снимките на градниот кош. Како последица на инфекцијата може да се појават и компликации, како што се акутен респираторен дистрес синдром (анг. acute respiratory distress syndrome, ARDS), RNAaemia (слично на viraemia – позитивен PCR наод во плазма), акутен инфаркт, како и секундарни инфекции, објаснуваат од клиничката болница „Жан Митрев“.

Препораките за заштита прочитајте ги на овој ЛИНК.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје