X
 07.08.2015 Наука

Студентски решенија за глобалните проблеми со храната

Верувале или не, дури една третина од храната во светот се фрла или се расипува. Во меѓувреме, светското население се зголемува, а климатските промени претставуваат закана за производството на храна. Решение за проблемот бараат многу експерти, а на истиот случај работат и студентите, кои имаат одлични идеи и предлози за подобрување на ситуацијата.


Во Милано се одржа натпревар „Food saving“ на кој 35 студенти од 13 земји ги претставија своите решенија за намалување на отпадната храна. На натпреварот беа прогласени три победнички тимови.

Првата група од трите победници дизајнирала уникатен разладувач на банани кој би помогнал во подолго одржување на свежината во текот на транспортот.

Вториот победнички тим развил апликација „Food aid“ која функционира како листа и која ги предупредува потрошувачите на кои намирници наскоро им истекува рокот на траење, а потоа им нуди и рецепт за да ги искористат.

Третиот победнички тим направил маркетиншки план со кој купувачите се предупредуваат да одберат навидум погрдо овошје и зеленчук бидејќи се природни. Во овој тим, фокусот на проектот била важноста на изборот на природни и сезонски намирници.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука