X
 15.09.2022 Живот

Едно од најубавите места во Италија го нарекуваат село на луди луѓе

Тешко е да се избере најубавото италијанско село. Но, ако одите на север од Италија, убаво е да размислите за посета на Кориналдо.

Во ова село се мешаат историјата, архитектурата и виното, како и во остатокот на Италија, но и некои посебни традиции и атракции.

Кориналдо се наоѓа во провинцијата Анкона, на источниот брег на Италија, а е препознатливо по масивните ѕидини од 14 век. Ѕидовите на Кориналдо се долги 912 метри и се сметаат за најимпресивни ѕидини во регионот.


Можеби ќе бидете малку разочарани од фактот дека ѕидовите не се оние оригиналните од 14 век. Тие биле срушени, па папата Урбан V издал дозвола за нивна обнова. Денешните ѕидини не се ништо помалку импресивни и величествени: ги содржат сите средновековни елементи, од дупки до кули и три влеза во градот.


Уште во 2007 година Кориналдо беше прогласено за најубавото село во Италија и генерално се смета за едно од најдобро зачуваните места со средновековен дух. Така, местото стана популарно меѓу посетителите, особено кај љубителите на вино.

Одлична причина да го посетите селото е Ноќта на вештерките, која во селото се слави со стил секоја година. Во неделата пред Ноќта на вештерките ова мало место се претвора во хорор-престолнина исполнета со многу работилници и активности. Прославата на улиците завршува со натпреварот Мис на вештерки, но сето ова е нормално кога ќе се спореди со фестивалот на лудаците.

Имено, прекарот на ова место е „село на луди луѓе“. Во тоа име, секоја пролет се организира луд фестивал кога имате уникатна можност да добиете „пасош на лудак“. Потребно е да трчате кон бунарот лоциран на градските скали, да врескате и да се вратите на почетокот на скалите. Потоа, некој од „селските лудаци“ ќе ви даде локален пасош.

Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот