Германскиот трговски мост, или Крамербрикес, недалеку од градот Ерфурт, кој е долг 79 метри и има згради од двете страни, е најдолгиот населен мост во светот.
Овој феномен во централната германска провинција Тирингија бил изграден во 12 век. Во своите почетоци мостот бил само дрвена структура над притоката на реката Гера, Брејтсторм. Поради опасност од пожар, сто години подоцна дрвото било заменето со камен, но огнот не го поштедил.
Фото: Wikipedia
Во еден од пожарите настрадал и околниот град Ерфурт. Но, упорните жители не се плашеле да изградат нови куќи од двете страни на мостот. Така, овој мост стана област од 62 тесни куќи, секоја со три ката.
Фото: Wikipedia
Денес на приземје се наоѓаат претежно продавници со рачно изработени сувенири или антиквитети, а нивните сопственици живеат на горните катови. Мостот е едно од омилените места на туристите што патуваат низ Германија и од тоа место купуваат рачно изработени сувенири.
Извор:
Punkufer.dnevnik.hr
Фото:
Wikipedia