X
 17.01.2019 Живот

Расте бројот на жени кои се подготвени на сѐ само да побегнат од Саудиска Арабија

Феноменот на жени, кои се подготвени на сè само за да побегнат од Саудиска Арабија не е нов, а 18-годишната Рахаф Ал-Кунун, која во петокот доби азил во Канада, само повторно го привлече вниманието на медиумите.

Светот за оваа појава дозна уште во 70-те години на минатиот век, кога една саудиска принцеза беше фатенa при обид да ја напушти земјата со нејзиниот љубовник.

Вљубената двојка тогаш беше осудена за прељуба и дајцата беа погубени.

Бројот на млади жени подготвени да преземат таков ризик е сè поголем последниве години, велат извори во „Хјуман Рајтс Воч“ за „Њујорк Тајмс“.

Разочарани од општествените и правните ограничувања дома, тие сега се вртат кон социјалните мрежи за да го испланираат своето бегство. Оние, кои ќе се охрабрат да заминат, тоа го прават тивко, за време на туристички патувања во странство, каде поднесуваат барања за азил, иако не се сигурни во крајниот резултат.

На пример,двете сестри Хамуд, Ашвад (31) и Ариџ (29), кои беа откриени во Турција во 2017 година, сè уште се борат на суд за да не бидат вратени во Саудиска Арабија, бидејќи се плашат за своите животи ако се вратат дома.

За некои други, како што е Ал-Кунун, излегувањето во јавност имаше клучна улога во успешното бегство, иако ниту тоа не е сакогаш гаранција.

Дина Ал-Ласлум (24) во 2017 година била запрена на аеродром на Филипините, но и покрај драматичното видео прегледано неброен број пати во кое моли за помош, членовите на нејзиното семејство ја вратија во Саудиска Арабија, по што нејзината натамошна судбина е непозната.

Саудијките кои побегнале не се соочуваат само со обидите на нивните семејства да ги вратат назад, туку и со добро финансираните напори на судиските власти да го сторат истото.

Откако ќе бидат вратени во татковината, тие се соочуваат со обвинувања за кривични дела како непокорување на семејството и нанесување штети на угледот на земјата.

– Сè уште не сметаат за сопственост на државата. Не е важно дали жената има каков било политички став или не. Тие ќе тргнат по неа и со сила ќе ја вратат - вели Муди Ал-Џојани, која како студент дошла во САД и побарала азил.

Ријад
Фото: Wikipedia

Начините на кои Саудијките се решаваат да побегнат се различни, но заедничко им е тоа што за своите планови разговарале преку социјалните мрежи со жени кои успеале да заминат од земјата или размислуваат за тоа. Тоа го сторила и Рахаф Ал-Кунун, која добила совети од пријателка која успеала да стигне до Австралија.

Многу жени бегаат преку Турција, која е популарна туристичка дестинација за Саудијците, од каде заминуваат за Грузија, каде можат да влезат без виза. Голем дел од нив се решаваат да се упатат кон Австралија, за каде можат да аплицираат за виза и онлајн, што е и единствена опција за некој кој не може слободно да излезе од својата куќа и да отиде до странска амбасада.

Како причина за бегството некои жени го навеле злоставувањето од страна на машките членови на семејствата или дека во нивната земја не можат да добијат заштита, ниту правда. Други сакале да побегнат од стриктните исламски општествени прописи, кои ги ограничуваат во начинот на облекување и изборот на работа или пријатели.

Сите меѓутоа велат дека сакале да се ослободат од системот на машко старателство, во кој им е неопходна дозвола од машки роднини за мажење, патување, па дури и за некои медицински процедури.

– Тоа е главната причина - вели Шахад Ал-Мухаимид, која побегнала од Саудиска Арабија на 17 години и сега живее во Шведска.

Мажите во Саудиска Арабија ги користат владините веб страници за да ги контролираат жените над кои имаат старателство, што во пракса значи дека добиваат известување ако нивната сопруга или ќерка се качи во авион.

Нура (20), која не сакаше да и се наведе презимето, затоа без да забележат го земала телефонот на нејзиниот татко и од него испратиле одобрение дека може да патува, а во исто време оневозможила да стигне известување дека заминала за Турција. Во Грузија купила билет за Австралија, преку Обединетите Арапски Емирати, иако стравувала дека таму би можела да биде откриена и вратена дома.

– Тоа беша самоубиствена мисија, но немав друга опција - додава Нура, која на крајот добила азил во Австралија.

Саудијките кои ќе побегнат и ќе стигнат до крајната цел, често се изложени на смртни закани од членови на семејствата и од нивини сонародници, кои сметаат дека ја засрамиле земјата.

Според „Хјуман Рајтс Воч“, тоа ги доведува во опасност. – Само мал број успеваат да побегнат, но многу не успеваат во тоа, вели Адам Кугл, задолжен за Саудиска Арабија во „Хјуман Рајтс Воч“. Тој признава дека е тешко да се посочат бројки, бидејќи некои жени никогаш не побарале помош, а оние кои го сториле тоа подоцна многу често ги прекинуваат контактите.

Кугл додава дека го контактирале многу жени кои барале помош за да побегнат од Саудиска Арабија. Кугл вели дека неговата организација не им помага на Саудијките во бегството, но им пружа правна помош откако ќе ја напуштат Саудиска Арабија.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот