X
 15.08.2015 Наука

Стара мапа решава 400-годишна мистерија

Таен доказ на стара мапа може да реши загатка стара 400 години. Што и` се случило на група колонисти кои исчезнале без трага.

 

1


Група од 115 луѓе биле испратени во Новиот Свет со мисија да најдат нов град и да ја прошират империјата на нивната кралица. Меѓутоа, шест години подоцна нивната населба била напуштена: 90 мажи, 17 жени, 11 деца исчезнале во заборав.

Се сметало дека можеби биле убиени од индијанско племе, меѓутоа немало никакви знаци на борба или битка. Сега, мапа стара неколку векови конечно им го дава одговорот на историчарите кои долго време го барале.

Во 1584 година, кралицата Елизабета се надевала дека ќе ја прошири Британската Империја и дека ќе направи колонизација на „Новиот свет“ - денешна Америка.

Роанок колонијата била обид од страна на Британците да постават населба во денешниот округ Даре во Северна каролина, на источниот брег на Америка.

После две извидувачки мисии, трета група од 115 колонисти биле испратени да воспостават колонија во 1587 година, предводена од гувернерот Џон Вајт.

 

2


„Ова патување било првото во кое биле вклучени семејства и земјоделски алатки. Првичната цел била да се копа злато, бакар и други ресурси за кралицата, меѓутоа целта беше и да се воспостави населба“, вели Алистер Мекдоналд, археолог од фондацијата „The First Colony“.

Меѓутоа откако односот со Индијанците бил влошен, гувернерот Вајт морал да се врати во Англија со очаен обид да донесе злато, ресурси и помош.

Поради англо-шпанската војна, на гувернерот му биле потребни дури три години за да се врати. Додека го немало, во населбата се случило нешто, и кога се вратил во 1590 година таа била целосно напуштена. Колонистите исчезнале во заборав.

Од тогаш, никогаш повеќе не се слушнало за овие луѓе. Сепак, постоеше доказ дека тие можеби се преселиле во близина на Островот Кроатан затоа што зборот „Кро“ бил врежан на дрво во близина.

Лошото време го принудил гувернерот Вајт да се врати во Англија, меѓутоа никогаш не се вратил. Теориите сугерираат дека загубените колонисти наишле на некаков проблем и биле убиени од Индијанците.

Но, во 2012 година фондацијата побарала од британскиот музеј да им дозволи да ја погледнат мапата нацртана од Вај. Користејќи техники тие пронајдоа скриени ознаки, кои откриле слика на која имало внатрешна тврдина кадешто колонистите се преселиле откако го напуштиле брегот. Местото е денешен Албермал Саунд, на 96 километри западно од Роанок Островот.

„Додека седевме и ја набљудувавме мапата, еден од членовите на одморот случајно праша: Зошто е ова делче? Ова беше нашето големо откритие“, вели Мекдонлад.

Ова откритие ги доведе археолозите до археолошки локалитет до местото кое го нарекуваат „Site X“, и три години Николас М Лукети заедно со тим на археолози, вклучувајќи го и Мекдоналд, копаа мали парцели земјиште, пронаоѓајќи артефакти кои можеби ги користеле доселениците откако ја напуштиле колонијата.

Токму овие артефакти би можеле да дадат одговор на старата мистерија.

 

3


„Имаме докази од оваа локација кои силно укажуваат на тоа дека тука биле колонисти од Роанок“.

На мала област, биле откриени голем број на елизабетански артефакти: тегла за чување храна (за која експертите велат дека била произведена во западна Англија), фрагменти од керамика (направени во јужен Лондон) и метална кука.

Истражувачите веруваат дека овие предмети биле оставени од колонистите кога се преселиле во внатрешноста за да живеат со Индијанците. Сепак, се`уште е многу рано да се носат заклучоци, меѓутоа истражувачите се силно уверени.

„Елизабетански артефакти не се појавуваат туку така на вакви локации“, вели Мекдоналд. „Тие се појавиле на многу малку локалитети во Каролина. Скоро и да нема ништо - најчести се на Островот Роанок, Кроатан и сега на ова место. Никој друг не би ги имал предметите, особено затоа што нитуеден Англичанец или Европеец не бил во таа област се` до доаѓањето на Натаниел Батс во 1650-те“, вели Алисон.

„Нешто се случило меѓу 1587 и 1590 година - знаеме дека биле таму во 1587 и знаеме дека си отишле во 1590, такашто со сигурност би рекле дека некои од нив отишле во селото Кроатан но сметаме дека оваа област не би била доволно голема за сите селани. Би било непрофесионално да го напуштиме локалитетот без дополнителни истражувања. Всушност, бараме нови средства за дополнително ископување  токму оваа есен“, вели Алисон.

Фондацијата се надева дека ќе ја прошири својата истрага и ќе открие што точно им се случило на колонистите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука