X
 17.09.2018 Наука

Награди за бизарни научни постигнувања „Иг-Нобел“ - еве кој ги освои годинава

Сакате да се ослободите од камења во бубрегот во забавен парк? Сакате да дознаете зошто пцуете кога возите? Или ве интересира кој повеќе прави „мајмунлаци“, мајмунот или човекот? Одговорите на прашањата беа наградени во четвртокот на „Иг-Нобел“, најзабавните награди во светот на науката.

Наградите се доделуваат 28. година по ред на Универзитетот „Харвард“ во Кембриџ, Масачусетс и по категории потсетуваат на вистинските Нобелови награди.

Целта на доделувањето на наградите е да им се даде признание на научните достигнувања што прво ќе ве насмеат, а потоа ќе ве натераат да се замислите.

нобелова
Фото: Reuters


Така, оваа година наградата за медицина ја добија двајца американски научници за истражување за тоа колку возењето на „лудата железница“ може да го забрза ослободувањето на бубрежните камчиња. Оние што ќе седнат на задните седишта на „лудата железница“ имаат поголеми шанси да се ослободат од камчињата отколку оние што седат напред.

Наградата за книжевност ја добија австралиските научници од технолошкиот универзитет во Квинсленд за откритието дека повеќето луѓе не ги читаат прирачниците за употреба на нови производи, како што се машината за миење садови и универзалните далечински управувачи. Тоа не го прават помладите и пообразованите луѓе.

Наградата за нутриционизам ја добиле научниците од Британија, Танзанија и Зимбабве кои пресметале дека внесувањето калории во исхраната составена од човечко месо е значително пониско во споредба со традиционалната месна исхрана.

Наградата за мир ја добиле седум шпански научници кои ги мереле фреквенцијата, мотивите и ефектите на викање и пцуење во сообраќајниот метеж. Тие откриле дека повисокото ниво на вербална агресија е поврзано со поголема фреквенција на сообраќајни несреќи.

Наградата за економија ја доби меѓународна група на научници која докажала дека вработените се чувствуваат подобро ако прободуваат со игла кукли во форма на нивните шефови. Тие откриле дека за работниците оваа вуду-активност го враќа чувството на правда.

Наградата во категоријата на медицинска репродукција ја освоиле тројца американски уролози за нивната техника на мерење ноќни ерекции. Техниката се состои во тоа што на половиот орган на пациентот се става круг од поштенски марки. Ако наутро кога ќе се разбуди поштенски марки се скинати, тоа е во ред. Велат дека техниката функционира 100 отсто.

Наградата „Иг-Нобел“ ја врачуваат добитниците на вистинските Нобелови награди, а лауреатите традиционално добиваат и парична награда - 10 милијарди зимбабвејски долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука