X
 13.02.2018 Наука

Епохално откритие поврзано со филтрацијата на водата

voda
Фото: Pexels

Две милијарди луѓе во светот немаат пристап до чиста и безбедна вода за пиење. Сега, заедничките истражувања од Универзитетот „Монаш“, ЦСИРО и Универзитетот „Тексас“ во Остин може да понудат ново епохално решение.

Станува збор за метал-органски рамки (MOFs), неверојатен материјал од наредната генерација што има поголема внатрешна површина од која било друга позната материја. Кристалите како сунѓер можат да се искористат за складирање и за ослободување хемиски соединенија. Во овој случај, сол и јони во морската вода.

Д-р Хуаченг Занг, професорот Хуантинг Ванг и вонредниот професор Же Лиу, заедно со нивниот тим на Факултетот за инженерство при Универзитетот „Монаш“ во Мелбурн, и во соработка со д-р Анита Хил од ЦСИРО и професорот Бени Фриман од Одделот за хемиско инженерство од Мекета, неодамна открија дека овој материјал може да ја имитира функцијата на филтрирање, или „јонската селективност“ на органските клеточни мембрани.

Со понатамошен развој овие мембрани имаат значителен потенцијал за извршување на двојните функции на отстранување на солта од морската вода и одвојување метални јони на високо ефикасен и економичен начин, нудејќи револуционерен нов технолошки пристап до водата.

Во моментов, мембраните со обратна осмоза се одговорни за повеќе од половина од капацитетот за десалинизација во светот и последната фаза од повеќето процеси за третман на вода, меѓутоа, овие мембрани имаат простор за подобрување во потрошувачката на енергија.  Тие не работат на принципите на дехидрација на јони или селективен јонски транспорт во биолошките канали, што биле предмет на Нобеловата награда за хемија во 2003 година доделена на Родерик Макинтон и Питер Агр, и поради тоа има значителни ограничувања.

Во рударската индустрија се развиваат мембрански процеси за намалување на загадувањето на водата и за враќање вредни метали. Доколку е економски и технолошки изводливо, директното извлекување и прочистување на литиум од таков сложен течен систем би имало големи економски ефекти.

Овие иновации сега се можни благодарение на ова ново истражување.

„Можеме да ги искористиме нашите наоди за решавање на предизвиците на десалинизацијата на водата. Наместо да се потпираме на тековните скапи и енергетски интензивни процеси, ова истражување го отвора потенцијалот за отстранување на солените јони од водата на многу поефикасен и еколошки одржлив начин“, вели Хуантинг Ванг, професор на Универзитетот „Монаш“.

„Исто така, ова е почеток на потенцијалот за овој феномен. Ќе продолжиме да истражуваме како селективноста на литиумските јони на овие мембрани може понатаму да се примени. Литиумските јони изобилуваат со морска вода, така што ова има импликации за рударската индустрија, која моментално користи неефикасни хемиски третмани за екстракција на литиум од карпите и солената вода. Глобалната побарувачка за литиум потребна за електрониката и батериите е многу висока. Овие мембрани нудат потенцијал за многу ефикасен начин за екстракција на јони од литиум од морска вода, обилен и лесно достапен ресурс“, додава тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука