X
 16.08.2015 Култура

Гласајте и одредете го името на новата планета

Меѓународната унија на астрономи избра 32 егзопланети од 20 системи, чии имиња ќе бидат избрани врз основа на гласањето на јавноста.

 

планета

 


„Leisurely Fish“ или „Лежерна риба“ е само едно од можните имиња кои ќе бидат дадени на 32-те новооткриени екстрасоларни планети.

Победничкото име ќе биде објавено кон средината на ноември, а проектот започнал на 11 август за време на собранието на Меѓународната унија на астрономи. Всушност, ова е прв пат планетите од нашиот сончев систем да имаат официјални имиња предложени од астрономските клубови и здруженија.

За идејата за именувањето на егзопланетите се размислувало подолго време, со оглед на тоа што претходните имиња биле од техничка природа кога егзопланетите се именувани според матичната ѕвезда заедно со локацијата во рамките на системот и врз основа на положбата меѓу другите тела - Кеплер - 4386, Глиесе 667 Ч, КОИ - 2474.01 итн.

ТУКА
можете да гласате.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура