Пратениците во Европскиот парламент со големо мнозинство (571) го поддржаа отпочнувањето на процесот на постепено исфрлање од употреба на пластични производи за еднократна употреба, вклучувајќи ги сламките, чепкалките за уши, чиниите за еднократна употреба, приборот за јадење, шишињата, пренесе канцеларијата на ЕП во Љубљана.
Европската комисија ќе разговара со владите на земјите-членки за предложените измени, кои треба да се спроведат до 2021 година.
На европските плажи во отпадот се пронајдени 22,05 отсто догорчиња, 19,31 процент шишиња и капачиња, 14,14 отсто пластични садови за храна, 13,10 отсто чепкалки за уши, 8,18 проценти влажни марамчиња и 7,01 проценти пластични ќеси.
Покрај тоа, пронајдени се околу 4 проценти од остатоците од пластични чаши и прибори за јадење. Пластични шишиња и кеси се наоѓаат на површината на морето, каде што морските животни бараат храна и често се дават од овие предмети.
На пластичните кеси им се потребни 20 години, а на шишињата 450 години за да се разградат. Поголемите пластични шишиња на крајот потонуваат и ги уништуваат условите за подводен
живот.