X
 19.04.2022 Живот

Село во Шпанија го смени името во знак на солидарност со Украина

Мирното село на југот на Шпанија, Фуентес де Андалузија, го промени своето име во Украина во знак на солидарност со луѓето погодени од конфликтот, оддалечен 4.000 километри.

Името на влезот во селото источно од Севилја е заменето со зборот Украина, покрај кој било нацртано сино-жолтото знаме на Украина. Улиците во селото со повеќе од 7.100 жители се именувани по украинските градови Киев, Одеса и Мариупол. На имињата на улиците се поставени плакети со објаснување каде е градот и што се случило. Така, на пример, под улицата „Харков“ натписот гласи: - Уништено од масовно бомбардирање од страна на руската армија.

- Главната цел е да се подигне свеста за конфликтот во Украина, но и за тоа каде моментално војуваат земјите - рече градоначалникот Франциско Мартинез. Тој додаде дека промената на името е повеќе од гест бидејќи жителите во рок од два дена собрале 3.500 евра за да го изградат планираниот центар за бегалци.

Фуентес де Андалузија е управувано од левичарска коалиција, која исто така ги преименува другите улици по земјите што претрпеле инвазија низ целиот свет. Почестени се и Сирија, Етиопија, Јемен, Палестина и Авганистан.

Селото сака да понуди сместување за најмногу 25 бегалци или во центарот или со семејства што живеат во селото. 68-годишниот Рафаел Осуна, пензионер, вели дека би прифатил брачен пар од Украина во својата куќа.

- Луѓето што живеат во Фуентес се многу горди на она што го правиме. Бидејќи живеам сам и имам голема куќа, размислував да прифатам украинска двојка некое време - рече Осуна.

Извор: inews.co.uk
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот