Фотографијата од монголски коњаници на Ентони Лау од Хонг Конг му ја донесе престижната титула „Фотограф на годината“ од списанието „National Geographic“.
Ло и неговите сопатници се враќале во хотелот на појадок кога поминале покрај група на јавачи кои ги покажувале нивните вештини.
„Снегот стануваше се' потежок, ветрот посилен и светлината беше слаба. Знаев дека имам неколку моменти да го извлечам најдоброто од средбата. И со малку среќа успеав да го овековечам моментот на излегувањето на еден јавач од маглата“, објаснува Лау. На температура од -20 степени со постојан ветер, беше тешко воопшто да се направи фотографијата. Но, успеал.
На традиционалниот натпревар на реномираниот магазин пристигнале 10.000 фотографии од целиот свет - финалистите на овогодинешниот натпревар ги покажаа најдалечните дестинации и дестинациите од целиот свет. Тие поминале месеци патувајќи по светот за да ги доловат екстремните разлики во културата и животната средина и да го обезбедат своето место во финалето.
Меѓу најдобрите фотографии имаше и едноставна
фотографија од две лисици кои се ловат една со друга во снежен пејзаж во раните утрински часови, како и акција на еден алигатор кој уловил риба, а таа риба уловила друга риба.
Натпреварот не се фокусирал само на фотографии од дивината. Имаше и неверојатни фотографии со поглед на њујоршкиот Централ Парк, како и фотографија од индиско семејство кое спие на крововите во Варанаси.
Бидејќи станува збор за престижен фотографски натпревар на глобално ниво, да се биде меѓу најдобрите веќе е доволно голема награда. Победникот пак доби 7 дневно фотосаари за двајца меѓу поларните мечки.
Линк до галеријата.