Астронаутот на НАСА наскоро ќе го заврши најдолгото патување во вселената - а има да понуди и фотографии со кои тој успеал да ги направи во текот на неговото патување.
После 340 дена, повеќе од 5.000 патувања околу Земјата, астронаутот Скот Кели и рускиот космонаут Микхаил Корнијенко конечно се враќаат на Земјата, завршувајќи ја нивната триумфална мисија, #YearInSpace. Ова е мисија која долго ќе се памети по нејзината храброст како и направените фотографии.
„На крајот на денот, истражувањето на вселената се врти околу човечкото искуство. Скот не само што го сподели неговото патување со светот, туку тој и ја вклучи и јавноста“, пишува Џон Јембрик, менаџер на медиуми на НАСА. „Преку сопствените напори, Скот го направи истражувањето на вселената поблиско и подостапно“.
Фотографиите на Кели му донесоа доста фанови. Од Твитер до Тумблр, стотици илјади корисници на социјални медиуми го изразуваа своето восхитување за фотографијата.
Линк до галеријата.