X
 23.01.2024 Образование

Околу 200 ученици од Гостиварско се иселиле пред почетокот на второто полугодие

Второто полугодие во училиштата на територијата на Гостивар почна со околу 200 деца помалку во школските клупи, пренесува „Гостивар прес“ повикувајќи се на податоците од општинскиот Сектор за образование.

-Во второто полугодие бројката на ученици во училиштата е намалена за околу 200, а причината за отпишувањето е заминување во странство - наведуваат од Секторот.

По тринеделниот зимски распуст, учениците вчера се вратија на настава.

- Сите училишта го почнаа второто полугодие подготвени, снабдени се со доволно греење, извршено е чистење и дезинфицирање на просториите. На првиот ден не се регистрирани многу отсуства поради вирусот на грип - информира раководителката на Секторот за образование, Аслијан Снопче.

Во основните и во средни училишта во Гостивар настава посетуваат речиси 10.000 ученици.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование