Познатиот iPhone може да се купи насекаде низ светот, но тоа не значи дека во секоја држава еднакво ќе го платите.
Интернет маркетиншката агенција
„WebpageFX“ создаде интересен инфографик кој не само што покажува колку чини еден iPhone во некои земји во светот, туку и колкава е разликата во цените, и колку проценти од годишниот приход секое домаќинство од одредена земја треба да издвои за да го купи.
Инфографикот се базира според податоци на Дојче банката, Apple, OECD и Gallup, а се однесува на цената на новиот iPhone 6. Најмалку за овој паметен телефон ќе платат Американците - околу 1.6% од просечниот приход, а највисоката стапка е во Индонезија - дури 39.3% од приходите.
Самата цена на телефонот е најмала во Канада, кадешто за него мора да се издвојат 647 американски долари, малку поевтина од онаа во Америка - 649 американски долари. Најскап е во Бразил - 1.107 долари и Турција, 1.014 американски долари. Тука некаде се наоѓа и нашата земја - во Македонија цената на најновиот iPhone се движи од 1000 до 1100 долари