X
 11.11.2015 Култура

Најскапото уметничко дело во светот

1

 

Сликата на Амадео Модиљани „Лежечки акт“ стана второто најскапо уметничко дело во светот продадено за 170.4 милиони долари, со што е надминат и досегашниот аукциски рекорд за некои од неговите дела.


Аукцискиот рекорд е постигнат и за делото на Рој Лихтенстајн за сликата „Медицинска сестра“ која е продадена за 95.3 милиони долари. Познатото дело на Лихтенстајн кое не се имаше појавено на пазарот 20 години е базирано на стрип цртеж.

Делото на Амадео Модиљани стана второто најскапо уметничко дело во светот, а продадено е на купувач од Њујорк кој сакал да остане анонимен.

 

м


Сликата од 1917-1918 година на која е претставена гола непозната жена која се одмора потпрена на сина перница, предизвикала скандал кога за прв пат била претставена на изложба во Париз.

Претходниот рекорд за некое од делата на Модиљани бил 70 милиони долари.

Сликата на Пабло Пикасо „Жени од Алжир“ која е продадена во мај за 179.4 милиони долари постави светски рекорд во цената за уметничко дело.

 

3


На аукцијата биле продадени и две значајни дела на Пол Гоген - сликата „Младич со цвеќе“ од 1981 година која била продадена за 13.6 милиони долари, додека скулптурата „Тереза“ достигнала цена од 25 милион долари.

Аукциски рекорд на сликите на Гоген ја држи сликата „Човек со секира“ која во 2006 година била продадена за 40.3 милионо долари, а најскапата негова скулптура била продадена за 11.3 милиони долари.

Во февруари, една од неговите слики била продадена за скоро 300 милиони долари што е најголемата цена за некое уметничко дело.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура