X
 04.02.2016 Технологија

Скриените информации на iPhone

Преку внесување на едноставен код на вашиот iPhone, ќе добиете пристап до скриени информации со кои ќе можете да направите промени во приватните поставки.

 

ajfon


Оваа функција е наречена „Field mode“ и ви овозможува пристап до дополнителни информации за тоа како вашиот телефон е поврзан со интернетот.

За да го активирате, внесете *3001#12345#* и притиснете го копчето за повик. Со тоа вашиот екран ќе стане сив, и ќе ги прикаже скриените информации.

Помеѓу опциите кои ги нуди „Field mode“ е и деталниот индикатор за јачина на сигналот, кој е прикажан во горниот лев агол на екранот. Скалата се движи од -40 се` до -140.

Се` што е над -80 е еквивалентно на целосна јачина, а се` што е -110 претставува нула сигнал.

Ако одлучите дека повеќе сакате да ја користите оваа функција, наместо точките кои се користат за одраз на една сила, држете го копчето се` додека не се појави порака за исклучување на телефонот. Ако го притиснете копчето Home, функцијата ќе биде достапна.

Сепак, ова не е единствениот код кој ќе ви даде пристап до скриените информации.

*#33# - Овој код го покажува статусот на вашите поставки за забрана на повици - функција која ограничува одредени видови на појдовни повици.

Можете да ја вклучите или исклучите оваа опција со внесување *33*pin# и #33&pin#

*#43# - Овој код ве известува дека достапна е функцијата чекање на повик - оваа функција на вашиот телефон му овозможува да ве извести кога некој се обидува да ве исконтактира додека вие зборувате.

Можете да ја вклучите или исклучите оваа опција со внесување на *43# и #43#.

*#06#
- Овој код ќе ви го прикаже вашиот IMEI број за идентификација - уникатен број со 15 цифри кој го имаат сите мобилни уреди кои можат да се користат за исклучување на вашиот телефон од далечина доколку е украден.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија