X
 20.08.2015 Технологија

"Електрични автопати" кои ќе го променат начинот на кој возиме

Во текот на оваа година, англиските инженери ќе започнат со тестирање на проект кој би можел да го револуционизира начинот на кој ќе ги полниме со гориво нашите автомобили.

 

avtomobili


Наречени „електрични автопати“, технологијата ќе овозможува да се полнат електричните возила додека се движат. Ако некогаш сте ја играле класичната игра на Супер Нинтендо „F-Zero“, тогаш веројатно знаете за што станува збор.

 

igra


Проектот е амбициозен обид од страна на владата на Велика Британија да се справи со најголемите поплаки во врска со електричните возила. Најголемиот проблем со кој се соочуваат сопствениците на електричните автомобили е нивната ограничена употреба и непријатноста во пронаоѓање на станици за полнење.

Nissan Leaf може да патува 133 километри на едно полнење. Тесла моделот S (со батерија 70 кWh) може да патува 360 километри. Но, постојат малку станици за полнење особено во споредба на бензински пумпи, па затоа електричните автомобили не се соодветни за долги патувања.

 

ttesla


Затоа, инженерите на англиските автопати ќе се обидат да создадат серија на енергетски преобразувачи и станици по левата лента. Доколку се` оди според планот, возилата со безжична технологија на полнење ќе можат да останат полни додека возат на патот кој истовремено ќе ги полни.

Но зошто да се инвестира толку време и пари во проект кој само ќе влијае врз дел од автомобилите во светот? Затоа што има потенцијал да ја промени иднината на автомобилската индустрија.

 

4


Како што е случај со поголемиот дел од технологијата, напредокот доаѓа во фази. Како што се случија откритијата на пазарот на електрични автомобили, побарувачката за нив ќе се зголеми и повеќе луѓе ќе се префрлат на новата технологија. Англиските инженери велат дека до 2050 година, скоро сите возила купени во Велика Британија ќе бидат електрични или автомобили со ултра ниски емисии (ULEV).

 

3

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија