X
 05.12.2017 Технологија

„Фејсбук“ претставува нов „Месинџер“ за деца

„Фејсбук“ најави нова верзија за апликацијата „Месинџер“ што ќе биде дизајнирана за деца на возраст од 6 до 12 години. Апликацијата е наречена „Месинџер кидс“ и не бара отворање профил на социјалната мрежа, бидејќи корисници под 13 години не смеат легално да отвораат профили.

фото извор: Facebook

Оваа апликација ќе можат да ја менаџираат родителите на децата, од сопствениот профил, па ќе можат да контролираат со кои пријатели контактираат нивните деца. Бесплатна е за симнување и безбедна, објаснуваат од компанијата. Засега апликацијата е достапна само во САД, но се планира проширување на употребата во наредните месеци.

Апликацијата е дизајнирана за да понуди видео и комуникација со пишување текст, а понудени се и маски и филтри. Сите можности се усогласени според возраста на децата. За да ја користат, родителите треба да ја симнат апликацијата од „Плејстор“ и потоа да ја потврдат со своето корисничко име и лозинка од сопствениот профил. Родителите ќе можат и да видат кога детето ја користи апликацијата.

Од компанијата сметаат дека со оглед на тоа дека децата во денешно време постојано се онлајн, ова е добра можност тоа задоволство да не биде скратено, а сепак да бидат безбедни и контролирани од страна на родителите.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија