Американските пилоти наскоро ќе можат да управуваат со повеќе авиони истовремено, по неодамнешните тестирања во поморската база близу Вашингтон.
- „Боинг“ и морнарицата успешно управуваа од далечина со два „гроулер EA-18Г“, како да се дронови користејќи трет „гроулер“ како контролна соба за првите два - соопшти производителот на авиони.
- Првите два авиона беа приспособени да дејствуваат како беспилотни летала, а третиот ги контролираше во текот на летот - изјави портпаролот на „Боинг“, Џастин Гибсон.
Тој додаде дека демонстрацијата е изведена кон крајот на 2019 година во поморската база Патуксент Ривер во Мериленд по повод годишните вежби на единиците за истражување и развој на американската морнарица.
„Супер Хорнет“ е ловец на американската морнарица кој може да биде вооружен со ракети воздух-воздух и воздух-земја, а „гроулер“ е верзија на тој авион специјализиран за електрoнска варијанта за војување.
Управувајќи со неколку беспилотни летала од кокпитот на авионите, американските пилоти ќе можат да ги чуваат своите воени простори надвор од опасност, објаснуваат од „Боинг“.
- Тоа ќе му овозможи на екипажот да контролира неколку авиони без дополнителни задачи - вели произведувачот.
Извор:
Geek.hr
Насловна фотографија: Pixabay