X
 25.05.2022 Технологија

Натпревар: Тој што ќе успее да ја хакне „тесла“, добива 600.000 долари и го задржува автомобилот

На традиционалната 15. конференција „Pwn2Own“, организирана од „Зиро деј инишијатив“, одржана во Ванкувер, се собраа голем број хакерски истражувачи чија цел е да најдат безбедносни пропусти во производите на познати технолошки компании.

Најголемата награда е предвидена за оној хакер што може да го хакне автомобилот „тесла модел 3“: 600.000 долари и гореспоменатиот автомобил „тесла“.

Оваа конференција стана позната како тест за истражувачи кои пронаоѓаат безбедносни пропусти во производите и ги информираат компаниите за нив. Првиот Pwn2Own беше организиран од Драгос Руиу во 2007 година, како предизвик за хакирање на компјутерите „мекбук про“. Тој концепт подоцна се прошири и настанот се одржуваше неколку пати годишно и траеше неколку дена. Овој натпревар им одговара и на истражувачите кои имаат можност да освојат многу награди, но и на компаниите чии производи поминале низ ригорозни безбедносни тестови.

Во текот на 15 години, конкуренцијата порасна, од мал настан фокусиран на пронаоѓање недостатоци во софтверот, до глобален настан што се одржува низ целиот свет. Првите награди беа симболични, до 1.000 долари, а минатата година, на пример, на хакерите им беа исплатени повеќе од 2.000.000 долари. Само на првиот натпреварувачки ден годинава учесниците освоија награди во износ од 800.000 долари.

Извор: News.yahoo.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија