X
 04.01.2021 Технологија

Правилата за силна лозинка не функционираат секогаш поради овие причини

Кога создавате нова лозинка, веројатно се водите по познатите правила за безбедност, како користење големи и мали букви, броеви и специјални знаци. Меѓутоа, истражувачите од Универзитетот „Карнеги Мелон“ велат дека овие правила не ја прават подобра вашата лозинка.

Лори Крејнор вели дека нејзиниот тим од истражувачи има подобар начин кој веб-страниците може да го користат за да ви помогнат да создадете побезбедна лозинка. Станува збор за алатка која му дава предлози на корисникот што ја создава лозинката.

Некои од предлозите се разделување на зборовите со цртичка или случајни букви за зајакнување на лозинката. Алатката била направена по повеќе експерименти со поставување лозинки.

Според истражувачите, еден од проблемите со многу лозинки е дека тие се прелесни за погодување бидејќи повеќето ја следат истата шема, без разлика дали се следат правилата. Броеви? Веројатно ќе додадете 1 на крајот. Големи букви? Веројатно првата буква од лозинката ќе биде голема. Специјални знаци? Најчесто се користи извичникот.

Автор: Лаура Хаутала
Извор: cnet.com
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија