X
 23.03.2016 Технологија

Вештачката интелигенција веќе го менува начинот на вработување

Вештачката интелигенција веќе го менува светот. Сè почесто, компаниите користат вештачка интелигенција за процесирање на апликации за вработување на кандидатите и нивно сместување во категории.


Еден пример е начинот на вработување на „Icrunchdata“, платформа за огласи за вработување. Компанијата користи вештачка интелигенција да ги поврзе вработените и кандидатите за работа во индустријата. За првпат досега, од изминатиот месец компанијата започна да спојува кандидати со работодавци.

Како функционира?

Кандидатите прават профил. Вештачката интелигенција ги поврзува со огласи врз основа на нивните вештини, искуства и барања без користење клучни зборови. Со ова се елиминира барањето стотици несоодветни огласи. Потоа, тие се поврзуваат автоматски со работата која ја сакаат и за која ги имаат квалификациите.

Огласите објавени од работодавците се оптимизирани и распределени врз основа на анализа во реално време на мрежа од над 1.000 специфични страници за барање огласи.


Извршниот директор на компанијата, Рон Емери, изјавува дека „методот е нов и интуитивен. Порано, кандидатите рачно барале повеќе огласи, но нашиот систем ви дава кратка листа. Освен тоа, работодавците обрнуваат повеќе внимание на апликациите бидејќи технологијата работи ефикасно“.

Емери додава дека системот ги запознава работодавците во реално време и им дава корисни резултати, поради што сите работодавци би сакале да го користат.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија