X
 25.08.2015 Технологија

Проектот за експресно патување на Илон Маск станува реалност

Патувањето со екстремно висока брзина во цевка звучи нереално или барем звучеше сè додека Илон Маск не излезе во јавноста со предлог за ваков концепт.


57-те страници напишани од страна на извршниот директор на „Тесла“ беа само почеток. На концептот во моментов работат 400 луѓе - вработени во „Space X“ или „Тесла“, а веќе е најавена реализација на проектот во 2016 година.





Прототипот кој ќе биде готов наредната година ќе поминува низ долина меѓу Сан Франциско и Лос Анџелес. Патниците би можеле да ја поминат оваа дистанца за само 30 минути.

Тимот научници и инженери кои работат на проектот се дел од стартап-компанија, за која има доволно потенцијални инвеститори. Нивната мотивација е јасна - ова е шанса да се работи на револуционерен начин на превоз кој може да ја дефинира иднината.





Предизвикот за тимот е задржување во границите на буџетот и енергијата. Конечната цена на проектот не е позната.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија