Меѓу новогодишните честитки и желби најфреквентна е „годинава да си го исполниш
пасошот“. Но, со оглед на тоа што оваа пожелба вклучува мал милион други неодминливи организациски чекори, патувањето е тешко остварлива цел.
Ви споделуваме десет конкретни решенија како да си помогнете да го видите светот во 2017 година.
1. Користете ги деновите од одморот
Според едно истражување спроведено од
Allianz Travel Insurance, повеќе од 170 милиони Американци не искористиле ни еден ден за одмор во работните 12 месеци од годината. Решението е едноставно – користете го одморот што ви следува (доколку сте работодавец, треба да ги охрабрувате вработените да си земаат оддишка од работата).
Секако, не го земајте целиот одмор одеднаш. Едно викенд патување ви овозможува да истражите некој нов град. Избирајте дестинации врз основа на должината на летот (идеално би било летот да трае три часа).
Доколку патувањето ви е приоритетна желба и намера во 2017 година, насочете се кон наоѓање работно место што ќе ве изнесе во светот.
2. Почнете да учите нов јазик
Познавањето странски јазик освен што ќе ви помогне да се интегрирате во новата говорна средина, ќе ве направи и попривлечни за луѓето.
За среќа, постојат бројни апликации за учење јазици кои можат да ви бидат од корист пред да отидете на посакуваното патување. Земете ги предвид
Duolingo или
Babbel, бидејќи имаат можност за проверка на изговорот, па со нивна помош поправилно ќе ги изговарате новите зборови.
Најдобар начин за совладување нов јазик е да се подложите на негово користење за време на патувањата. Апликација за превод може да ви излезе во пресрет кога ќе се вклучите во
real-time разговор.
3. Запознајте нов град
Ако имате на ум некој нов град што сакате да го посетите, следете ги на интернет и на социјалните мрежи понудите за авионски карти, за да наидете на поволна понуда што ќе ве одведе на посакуваното место.
4. Исклучете се од светот
Најдете тур-оператори што организираат поволни патувања на далечни дестинации, понастрана од градскиот метеж и запознајте се со животот на локалното население, преземете некоја интересна авантура во дивината или истражете ги скриените историски драгоцености на местото.
5. Стекнете нови пријателства
Запознавајќи го месното население за време на патувањата е еден од начините за склучување нови пријателства и откривање на најдобрите места на вашата дестинација.
На пример, користете ги апликациите за споделување оброци (
meal-sharing) кои стануваат сè попопуларни и бидете им гости на локалците низ целиот свет. Домашните оброци ќе ве чинат поевтино отколку ручек/вечера во ресторан, а се одлична прилика за стекнување нови пријатели.
6. Патувајте сами
Ако патувате сами, ќе имате шанса да се опуштите и да ја одбновите енергијата, а патем и да откриете нови аспекти од себеси. Но, идејата да отпатувате сами може да биде застрашувачка.
Доколку сте загрижени што ќе патувате сами, одлична опција би била да користите домашен престој или семејна куќа. А, сигурно постојат и хотели што се грижат за соло-патниците. Има и компании што ги поврзуваат соло-патниците преку социјалните мрежи уште пред патувањето. На тој начин можете да се здружите со други патници, а при тоа да си ја задржите слободата да истражувате самостојно.
7. Хранете се како локалците
Дегустирањето нова храна е еден од најпријатните начини на искусување нова култура. Повторно, консултирајте соодветни апликации за просторно ориентирање, како на пример,
Your local cousine, што ќе ви помогнат да најдете соодветно место за исхрана и стекнување нови пријателства.
8. Бидете здрави и фит и за време на патувањето
Иако звучи тешко, одржувањето во форма за време на патување не е неостварливо. Хранете се здраво, јадете житарици, овошје и зеленчук што виреат на тоа место, планинарете, практикувајте локални вештини за здрави тело и дух и сл.
9. Одете на локални екскурзии (staycations)
Локалните екскурзии ќе ве доближат до местата на живеење, правејќи ви го домот нова „туристичка“ дестинација. Можете да отидете до најблискиот Национален парк, до некое езеро, музеј или друго атрактивно место во вашата непосредна средина.
10. Бидете поавантуристички настроени
Користете ги програмите што ги нуди целното место, а кои овозможуваат циркулација на адреналинот. Нуркање, качување по карпи, летање со параглајдер, банџи скокови и слични несекојдневни активности ќе ви го направат престојот повозбудлив и незаборавен.