X
 02.12.2017 Живот

Како изгледа интервју со Илон Маск?

ilon
Фото: АР

Кога Мариса Перез добила повик од компанијата „Тесла“ во 2010 година, таа била воодушевена бидејќи компанијата била релативно нова, така што Мариса би била еден од првите вработени.

Но пред да се приклучи на тимот, Перез морала да помине интервју со ко-основачот и извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск.

„Мислам дека незнаењето е блаженство, до одреден степен“, вели таа. „Неговото присуство се чини како некој што многу командува. Но бидејќи во тоа време неговото име и не беше толку познато, не знаев дека ме интервјуира важна личност. За мене беше човек што изградил своја компанија“.

Перез се сретнала со Маск во канцеларијата на „СпејсЕкс“ во Хоторн, Калифорнија. Ѝ било кажано дека ако интервјуто ѝ трае подолго од пет минути, тоа е знак дека ѝ оди добро.

„Мислам дека интервјуто траеше 12-13 минути. Бев многу возбудена, и беше навистина напнато“, вели таа, додавајќи дека Маск поставувал кратки прашања, како: „Кажи ми за твоето најзначајно техничко достигнување, проектот за кој си најгорда“.

„Ти дава отворена можност да го импресионираш“, вели Перез. Во нејзиниот случај, Маск ја прашал и некои конкретни прашања, поврзани со вработувањето во неговата компанија.

„Зошто би била вистинската личност која би помогнала во изградбата на мојата компанија? Зошто да ти верувам?“, ја запрашал тој.

Перез ја следела компанијата „Тесла“ уште додека била на колеџ. Работела на проект за кој подоцна морала да создаде бизнис модел за автомобилска компанија за изнајмување на автомобили на Елер колеџот за менаџмент при Универзитетот во Аризона. Еден од автомобилите во нејзиниот фиктивен возен парк бил „Роудстер“ на „Тесла“.

„Со тоа ме привлече компанијата, бидејќи беше дел од движењето што ќе ја промени одржливоста. Не обожавав автомобили на почетокот, но сега работите се променија“, вели таа.

Иако таа не се сеќава на нејзините одговори на прашањата од Маск, но вели дека нејзиниот долгогодишен ентузијазам за компанијата ѝ овозможил да работи токму за неа.

„За време на моето интервју со Илон, му го претставив мојот бизнис план. Изнудив насмевка на неговото лице. Се гледаше дека уживаше во мојата презентација. Само знам дека посветеноста кон мисијата што ја имав, ми ја донесе работата“, завршува таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот