X
 26.08.2015 Образование

"Coursera" го пренасочува фокусот на професионалците, наместо студентите

Масовните отворени онлајн-курсеви пристигнаа во 2012 година. Оттогаш, слушавме приказни за млади генијалци кои станале експерти благодарејќи на ваков курс, но сè почесто слушаме за потребата од надградба за професионалците кои веќе работат.


Многу приватни компании ја земаа задачата да дизајнираат и создаваат онлајн-курсеви. На пример, „Мајкрософт“ стои зад „Линкедин“, онлајн-платформа која нуди курсеви за надградба. Други платформи за учење како „Курсера“ ја препознаваат оваа можност.

Вчера, „Курсера“ го претстави планот за собирање дополнителни 60 милиони долари, згора на оние 85 милиони долари собрани досега. Овие пари ќе бидат инвестирани за овозможување можности за учење поврзани со професиите на корисниците.

Извршниот директор на „Курсера“, Рик Левин, за „Фаст компани“ изјавува дека 50% од корисниците на платформата се професионалци кои се фокусираат на тренинг и развој, додека остатокот се „доживотни ученици“ кои немаат строг кариерен план или студенти кои бараат помош за студиите. Првата група најчесто плаќаат за верифициран сертификат, поради што се и најпримамливи за инвеститорите.

- Употребата на курсевите со сертификати само ќе се зголемува во следната деценија. Доколку сакате да вработите луѓе кои знаат да програмираат, на пример, сертификатот не е гаранција, но е показател. Работодавците веројатно ќе ве тестираат, но тоа ќе ви отвори врата и ќе ви донесе интервју. - вели Левин.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование