X
 31.10.2023 Живот

Пет статистички податоци што укажуваат на важноста на онлајн шопингот

Во Македонија има 1,82 милион корисници на интернет и 2,32 милиона мобилни уреди, што укажува на фактот дека Македонците се речиси целосно поврзани на интернет и во тек со светските трендови.

Имајќи ги овие податоци пред нас, сосема е логичен податокот дека онлајн шопингот во Македонија е поразвиен отколку во некои од земјите во регионот. Може да се каже дека нашата држава е рамо до рамо со глобалните трендови.

Покрај купувачите, чиј број се зголемува секојдневно, исто така, се зголемува и бројот и професионалноста на онлајн продажните места. Постојните продавници сè почесто имаат свои дигитални верзии на кои може да порачате онлајн, а тука се и специјализираните онлајн шопинг-платформи, како Ananas, која неодамна се појави на пазарот.

Но, што е тоа што го прави онлајн шопингот тема вредна за дискусија и внимание? Продолжете со читање и погледнете неколку статистички податоци кои ќе ви укажат на важноста на оваа индустрија и ќе ви покажат кој е патот и иднината на шопингот.

2,64 милијарди луѓе во светот купуваат онлајн

Во моментов 2,64 милијарди луѓе во светот купуваат онлајн и се дел од онлајн шопинг-индустријата. Тоа е точно една третина од целото светско население. Имајќи предвид дека голем дел од населението во светот нема ниту пристап до интернет, ова се бројки што укажуваат дека онлајн шопингот е исклучително глобално развиен.

Во Македонија речиси една половина, односно 44,8 проценти од населението купува онлајн, што значи дека сме понапред од светските трендови. Според изминатиот пораст, проценето е дека до 2025 година речиси 45 проценти од населението ќе купува онлајн.

Ваквите бројки кај нас и во светот покажуваат дека традиционалното купување и онлајн шопингот ќе ги изедначат бројките на продажба веќе следната деценија. Со други зборови, ако купувате преку интернет, веќе сте запознаени со начинот на кој ќе се одвива трговијата во иднина.

На годишно ниво се вратат 6,31 трилиони долари преку онлајн шопинг

Ако оваа бројка изгледа збунувачки, веројатно ќе биде уште позбунувачка ако ја напишеме само со цифри. На годишно ниво е-трговијата е заслужна за продажба во вредност од 6.310.000.000.000 долари. Огромна бројка, нели?

Огромен дел од продажбата припаѓа на големите играчи во онлајн шопинг-индустријата како AliBaba и Amazon. Во 2022 година првата компанија остварила продажба од фантастични 780,8 милијарди долари, додека втората 691,3 милијарди долари.

Овие две водечки онлајн шопинг-платформи се на самиот врв според остварена продажба, но на светот постојат милиони страници преку кои корисниците на интернет можат да купуваат разни производи и услуги. Нивниот број секојдневно се зголемува, а со тоа и продажбата, што придонесува за огромниот пораст на индустријата, кој во моментов изнесува околу 15 проценти на годишно ниво.

Онлајн продажбата одигра клучна улога во справувањето со пандемијата

Како во светот, така и кај нас, луѓето успешно се соочија со пандемијата во голема мера благодарение на можноста за купување преку интернет. Во периодите во кои во сила беше полицискиот час граѓаните можеа да пазарат само преку интернет.

Во светот трендот не беше ништо поинаков. Иако во првите неколку месеци од пандемијата завладеа целосен купувачки мрак предизвикан од стравот што ги обзеде граѓаните, во следните периоди онлајн шопингот вртоглаво порасна.

Некои индустрии забележаа пораст и до 50 проценти во споредба со претходната година. Голем пораст забележаа онлајн аптеките, продавниците за бела техника и електроника, но и супермаркетите, кои обезбедија достава на прехранбени производи.

Со ваквиот начин на работа, во кој многу помалку луѓе беа директно изложени на ризиците од пандемијата на ковид-19, може да се каже дека голем број граѓани полесно ја поднесоа целата тензична ситуација и успешно ја надминаа пандемијата.



Македонските е-трговци во 2022 година заработиле речиси 400 милиони евра


Иако пазарот на македонската е-трговија е далеку помал од светскиот и бројките се неспоредливи, сепак, добро е да се знае дека и кај нас се следат светските трендови и има голем број компании чија главна дејност е онлајн продажба.

Според македонската асоцијација за е-трговија, македонските е-трговци во 2022 година заработиле 394 милиони евра, додека вкупниот број трансакции направени од Македонци, дома и во странство, изнесува 550,2 милиони евра.

Ваквите бројки се одлични имајќи го предвид фактот дека вкупниот домашен бруто-производ на земјата во 2022 година беше 13,56 милијарди американски долари.
Онлајн продажбата во првиот квартал од 2023 година веќе бележи пораст од 20,7% споредено со лани
Трендот на масовно купување преку интернет, кој почна оваа деценија, продолжува и оваа година. Сè повеќе Македонци уживаат во купувањето онлајн. Трендовите и навиките за купување онлајн го разиграа пазарот и, покрај зголемениот број купувачи, сега имаме и поголем број продавачи.

Веќе споменавме дека на пазарот влезе голем онлајн играч со името Ananas. Оваа платформа на своите страници нуди повеќе од 100.000 производи, па со нејзина помош бројките во вториот, а особено во третиот квартал значително ќе се зголемат.

Во првиот квартал веќе бележиме голем пораст на онлајн продажбата од 20,7 проценти во споредба со минатата година. Сосема е возможно во другиот дел од годината овие бројки да се зголемат.

Кон македонските е-трговци се слеале дури 123,1 милиони евра, додека целата онлајн продажба изнесува 167,7 милиони евра. Порастот е евидентен и се очекува само да продолжи со исто темпо.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот