Некои го нарекуваат „реална верзија на Тони Старк“. Тој е Илон Маск, основач и извршен директор на „SpaceX“, еден од основачите на „Pay Pal“ и „Tesla motors“. Најпознат е по својата богата имагинација и претприемничкиот дух со кој ни помага да создадеме нов футуристички свет.
Често раскажувана приказна за младиот Маск е таа дека тој програмирал видео игра кога имал само 12 години. Играта „Бластар“ се продала за 500 долари и уште тогаш, Маск го покажал својот потенцијал за претприемништво. Таткото на Маск бил инженер, а неговата мајка била нутриционист во Јужноафриканската република. Двајцата родители го препознале талентот на Маск и го охрабриле да експериментира во областа на технологијата. Тој го добил првиот компјутер на 10-годишна возраст и сам научил програмирање.
Маск го завршил средното образование во 1988 година и се преселил во САД на студии. Студирал на Факултетот по бизнис „Вартон“ и откако добил диплома во економија бил примен на последипломска програма по физика на „Стенфорд“. Само два дена подоцна, тој се откажал и се решил да работи наместо на студира.
Веднаш потоа, тој ја основал компанијата „Zip2“ со својот брат. Во 1999 година, компанијата била купена за 307 милиони долари. До 2000 година, Маск работел на X.com, што подоцна станало PayPal. Маск бил поставен како извршен директор на „PayPal“ во 2001.
Година подоцна, „eBay“ ја купи компанијата и Маск конечно ги имал финансиите со кои може да се фокусира на вистинската страст - вселенското инженерство.
Заедно со Мартин Еберхард и Марк Тарпенинг ја основал „Tesla motors“ во 2004 година. Најголемиот дел од богатството (13,6 милијарди долари) на Маск доаѓа токму од оваа компанија.