1. Фрлена ракавица
„Направете го тоа!“, му напишал Илон Маск на шефот на „Боинг“ кога тој најавил дека ќе го престигнат во трката за Марс. „Работиме на ракета од новата генерација во соработка со клиентите од НАСА, а нејзиното име е
Space Launch System. Се работи за летало кое ќе почнеме да го тестираме во 2019 година и со кое планираме да ја обиколиме Месечината“, изјави Денис Муленбург, додека Маск одвај го дочека тоа.
2. Службата е служба
Шефот на „Тесла“, Илон Маск, не е попустлив ниту кон членовите на своето семејство. Маја Маск, мајката на Илон, потврди за „Њујорк тајмс“ дека и натаму го чека својот „модел 3“. „Сè уште не сум го добила „моделот 3“. Последниот пат кога проверив бев на 300-илјадитото место на листата за чекање. Дури и со сите врски не можам да се протуркам во редот“, заклучи мајката на Маск.
3. Скршено срце
Илон Маск призна дека бил вљубен и дека раскинувањето на врската со актерката Амбер Херд многу го погодило. „Последните недели бев во страшна емоционална болка. Ужасна. Морав да ја соберам целата сила на волјата за да бидам способен да го промовирам ’моделот 3‘, а да не изгледам како најдепресивната личност на светот“, изјави Илон.
4. Демократија на Марс
Маск пред новинарите ја сподели својата визија за влада на Марс. „Сметам дека најдобра форма за влада на Марс би била директна, а не репрезентативна демократија“, истакна тој во текот на конференцијата
Code минатата година. „Луѓето на овој начин би можеле директно да гласаат за проблемите. Искрено, сметам дека тоа е многу подобро со оглед дека потенцијалот за развој на демократијата на Марс е прилично мал.“
5. Кампување на покривот
Шефот на „Тесла“ бил активен на социјалните мрежи дури и кога кампувал на покривот од својата фабрика. „Само сакам да изразам почит кон напорната работа што ја извршуваат вработените во ’Гигафектори‘. Причината да кампувам на покривот е тоа што е поблиску од мојата хотелска соба во Рено. Продукциски пекол – осми круг“, напишал тој.