Универзална вистина е дека критиката е добра за да се увидат грешките и да се поправат. Но, колку можеме да се соочиме со критиките и да ги сфатиме како позитивно нешто, бидејќи секогаш кога сме критикувани се активира нашиот одбранбен механизам, што е нормална појава.
Сепак, потребно е да се знае дека има многу придобивки од добивањето критики. Со нивното прифаќање, можеме полесно да дојдеме до успехот.
Ако не ги сфатиме како навреда, всушност критиките ни помагаат да се подобриме. Никој не е совршен и со кога ќе размислиме за упатените критики, можеме да сфатиме до каде сме и на што поточно да поработиме. Упатувањето критики е дел од комуникацијата, па позитивните критики ни кажуваат каков впечаток оставаме на другите, па можеме да поработиме на тоа да бидеме подобра личност, ако си ги согледаме недостатоците кои самите потешко можеме да ги воочиме.
Во денешниот свет, отворените
критики се табу тема. Оној што критикува често е омразен од мнозинството, но во здраво општество, критикувањето мора да се развива. Наместо критиките да не депримираат, нивната цел треба да биде поттикнување на акција и подобрување на нештата.
Иако е тешко да се прифати, критикувањето не треба да биде игнорирано или деградирано. Наместо тоа, кога се соочуваме со критика треба да помислиме на придобивките од истата и постојано да работиме на себе-подобрување.