X
 28.08.2015 Култура

Зошто Шведска е најбезбедна земја во поглед на сообраќајот?

Шведска има убедливо најмал процент на загинати во сообраќајот. Која е тајната?


Се чини дека тајната е во политичката агенда наречена „Vision zero“, која била усвоена во 1997 година. Нејзината цел е добивање автомобилски сообраќај без човечки жртви. Програмата дава резултати доколку судиме според податоците на Светската здравствена организација.

Имено, во Шведска, во сообраќај гинат три лица на 100.000 луѓе. Најважната цел на шведската сообраќајна политика е човечкото здравје, кое се става пред потребата за мобилност и другите цели на сообраќајот. Конечната цел, која би требало да биде исполнета до 2020 година, е спуштање на бројот на жртви на улиците на нула.

Во што е разликата?

За почеток, во споредба со останатите земји, темпото на патување е поопуштен. На улиците надвор од населените места има ограничување на брзината на 80 км/ч, додека на автопатите дозволената брзина изнесува 120 км/ч, иако ретко се вози побрзо од 110 км/ч. Згора на тоа, во многу делови од земјата се поставени камери со кои се врши контрола на брзината.

Малкумина во Шведска се подготвени да го прекршат законот. Казни се издаваат само кога прекршителот ја надминува брзината повеќепати, а тие изнесуваат 150-250 евра. Секоја сообраќајна несреќа со човечки жртви се анализира од страна на експерти.

Последните години, земјата вложува многу во својот сообраќај. Освен тоа, возачите на автобусите, камионите и такси возилата не смеат да влезат во возило пред да направат тест за алкохол. За таа цел, сите имаат „алкохолни брави“ кои ја проверуваат алкохолната состојба на возачот и не се отвора доколку се покаже дека возачот пиел.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура