X
 06.04.2017 Живот

Дизел автомобилите ќе исчезнат?

Европскиот парламент усвоил строги прописи кои имаат за цел да спречат повторување на скандалот со „Фолксваген“ со манипулациите на емисиите на штетни гасови.

За Нацрт законот, кој ќе ја зголеми контролата на Брисел и ќе овозможи изрекување на казни на автомобилските производители во износ до 30 илјади евра по возило, гласале 585 пратеници, додека 77 биле против.


Според европската комесарка за индустрија Елжбиета Бјенковска, новите мерки ќе ги отстранат дизел автомобилите од патиштата. Дизел возилата нема да исчезнат изненадувачки, но ќе исчезнат многу побрзо отколку што можеме да замислиме, смета Бјенковска.

Според новиот закон, автомобилските компании веќе нема директно на вршат уплата на агенциите за тестирање, а членките на ЕУ ќе мораат да ги финансираат центрите за тестирање на издувни гасови.

Официјално, Брисел ќе добие овластување за да спроведе контрола на возилата и да одреди казна во случај на прекршок.

Овој закон треба да биде финализиран во преговорите на европските парламентарци, ЕК и земјите членки.

Како одговор на скандалот со компанијата „VW“ од септември 2015 година, која во своите 11 милиони автомобили ширум светот инсталираше софтвер за манипулација на емисиите на штетни гасови, европската комисија предложила измена на прописите во врска со начинот на кој се лиценцираат и тестираат возилата во ЕУ.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот