X
 22.05.2018 Живот

Шведска ги подготвува граѓаните за евентуална војна

Шведската влада презентира брошура која би требало да ги подготви граѓаните за евентуална војна, природна катастрофа или сајбер-напад.

Брошурата е објавена во време на сѐ поголеми тензии меѓу Русија и западните сојузници. Под наслов „Ако дојде до криза или војна“, во брошурата на 13 јазици се напишани совети за наоѓање засолниште, чување храна и за тоа што точно значат предупредувањата. Брошурата ќе им биде испратена на 4,8 милиони Швеѓани во периодот од 28 мај до 3 јуни.

- Иако Шведска е побезбедна од многу други држави, сепак, постои закана - истакна Дан Елиасон, шеф на шведската цивилна заштита, која ја издава брошурата.

Последен пат слична брошура беше испечатена во 1961 година за време на Студената војна.

Брошурата на АНГЛИСКИ

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот