Користејќи ја уметноста на 3D графиката, стенд ап комичарот и светски познат статистичар, професрото Ханс Рослинг претставува спектакуларен портрет за тоа како брзо се менува нашиот свет.
Со повеќе од 7 милијарди луѓе на нашата планета. често гледаме на иднината со страв, но пораката на Рослинг е изненадувачки оптимистичка.
Скоро незабележано, ние започнавме да ги освојуваме проблемите на брзиот раст на населението и екстремната сиромаштија. Низ светот, дури и во земјите како Бангладеш, сега норма се семејствата со само две деца - што значи дека после неколку генерации експлозијата на населението ќе биде завршена.
Помал број на луѓе сега живеат во екстремна сиромаштија отколку било кога во историјата на човештвото, а ОН си има поставено за цел сиромаштијата целосно да ја искорени за неколку децении.