X
 17.05.2018 Култура

Најлошиот филм за оваа година

Проекцијата на филмот на данскиот режисер Ларс фон Трир, „Куќата што ја изгради Џек“, на овогодишниот Кански филмски фестивал го одбележа тоа што повеќе од стотина посетители ја напуштиле киносалата.

film
Фото: Youtube/Screenshot


Трилерот со Мет Дилан и Ума Турман го следи убивачкиот поход на серискиот убиец низ неколку децении. Луѓето што го виделе филмот пред проекцијата во Кан изјавиле дека е преполн со сцени со садистичко насилство и бруталност, а директорот на фестивалот, Тјери Фрему, рече дека филмот се занимава со толку контроверзна тема, што може да се прикажува надвор од натпреварувачката програма.

Шефот на њујоршката редакција на магазинот „Варајети“, Рамин Сетод, преку „Твитер“ напиша дека повеќе од 100 луѓе излегле од проекцијата на филмот.

- Ова е најлошиот филм што сум го гледал на кино - напиша тој.

Меѓутоа, останатиот дел од публиката го поздрави режисерот со десетминутен аплауз откако заврши филмот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура