X
 15.07.2016 Живот

Како Кина ќе го преземе светот?

Кина одби да ја признае пресудата на меѓународниот суд дека нема историско право да создаде острови на еден од најпознатите и најоспоруваните водени патишта.

 

kina


Јужното Кинеско Море ги остави експертите да се прашуваат што ќе се случи ако случајот ескалира до војна.

Иако се чини дека Филипините триумфирале во оваа „Давид и Голијат“ битка во арбитражниот суд во Хаг, перспективите за спроведување на оваа воена велесила се страшни. Кина се наоѓа на крстопат, а овој територијален спор може да го сигнализира моментот кога треба да одлучи каде најдобро би биле поставени нејзините амбиции.

Премиерот на Австралија, Малком Турнбул инсистира дека сите народи мораат да го почитуваат меѓународното право.

„Сите земји, големи и мали, имаат корист од овој систем, што ја олеснува трговијата и овозможува споровите да се решаваат во согласност со правилата. Ние немаме барања, но инсистираме дека е апсолутно од витално значење сите земји да го почитуваатт меѓународното право, да ги решаваат споровите на мирен начин и во контекст на овој спор“, вели премиерот на Австралија.

Тој истакна дека Австралија има длабок интерес за мир и стабилност на Јужното Кинеско Море бидејќи тоа е важен трговски пат.

„Постои ризик за конфликт, па затоа од суштинско значење е да се има согласност со меѓународното право и да се почитува истото од двете страни. Во меѓувреме, ги повикувам сите страни да ги де-ескалираат тензиите и да не преземаат никаква акција која ќе предизвика зголемување на тензиите“, додава тој.

Постои вистински страв во Азија за воените движења на Кина во Јужното Кинеско Море, особено затоа што земјата има растечко глобално влијание.

Според претседателот Кси Јинпинг, комунистичката нација формира блиски односи со другите земји од Азија и се впушта во големи градежни проекти во Африка и Јужна Америка кои обезбедуваат ресурси и на крајот ќе бидат потрошувачи на својата стока.

 

2


„Може да си дозволи да финансира инфраструктура со големина и обем за кој западните земји можат само да сонуваат“, вели Еуан Грахам, експерт за безбедност и меѓународен директор за безбедност во Институтот Лауи.

Тој вели дека конфликтот со Јужното Кинеско Море покажува дека Кина останува пред-модерна во споредба со останатиот дел од развиениот свет. Кина има „хиеархиски поглед на светот со себеси како Средното Кралство, и се враќа на основната идеја со која сака да го контролира синџирот на снабдување“.

Земјата порасна толку брзо што националната психа се'уште не може да ја достигне и да сфати дека повеќе не е колонизирана жртва на Западот.

„Тоа е кошмарно сценарио на угнетеното мнозинство, силеџијата кој мисли дека е помал од другите деца. Дали ќе успее да го стигне менталитетот на глобалното јавно добро и меѓународната соработка?“, додава Грахам.

Претседателот Кси не сака да започне војна. Тој сака да победи без војна. Кина отсекогаш била заинтересирана за Јужното Кинеско Море, а нејзиниот однос со Јапонија долго време е отежнат и има тензии во однос на конкурентските територијални претензии.

Според Грахам претседателот Кси е повеќе идеолошки технократ од неговиот претходник, и многу повеќе наклонет кон суверенитетот, поморската сила и градењето на статусот на неговата земја.

„Не мислам дека е диктатор во вид на Мао или Сталин, меѓутоа дефинитивно може да се каже дека е строг“, вели Грахам.

Кина не е заинтересирана само за складирање на оружје и изградба на повеќе бродови и авиони, туку и испраќање на одредени сигнали и фалсификување на односите според нивни услови.

Она што го гледаме е тестирање на широката мерка на моќ во Јужното Кинеско Море. „Тоа е лична приврзаност на лидерот во генералниот концепт дека ова е историскиот момент на Кина повторно да ја преземе својата судбина како голема сила“, вели Грахам.

Кина е сега тестирана на својата подготвеност да го почитува меѓународното право, и кој е нејзиниот чекор, се'уште не е јасно. Но нацијата сигурно не сака војна доколку постојат алтернативи - секако ако не ѝ е наметната, доколку не е изолирана и лута.

Неколку кинески експерти ја изразија загриженоста во врска со ставовите на Кина.

Д-р Нгеов Чоу Бинг, виш предавач и заменик-директор на Институтот за кинески студии при Универзитетот во Малаја изрази загриженост поради владејачката политика која ги зацврстува националистичките ставови во Кина со што промовира „ние против нив“ менталитет.

Членовите на Здружението на Југоистична Азија предупредува дека единството во регионот се'уште е кревко и дека е важно да не се уништуваат односите.

Елина Нор, директор за надворешна политика и безбедносни студии при Институтот за стратегиски и меѓународни студии во Малезија изјави дека земјите зависат од поддршката на Кина.

Д-р Ли По Пинг, виш научен соработник во Институтот за кинески студии при Универзитетот во Малаја додава: „Она што ме загрижува е јасната одлука против Кина, и како оваа одлука е искористена од Американците и Јапонците како дел од политиката против Кина врз основа на тоа дека Кина е непријателска нација која не го почитува меѓународното право“.

Како што Кина расте глобално во своите економски интереси, законот за морето му служи на тие интереси. Постојат многу придобивки од Кина, доколку го избере патот на взаемна корист. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот