X
 02.09.2015 Наука

Прирачникот за дизајн според кој се води НАСА

Во 1972 година, Нил Армстронг ги изговорил познатите зборови. Ерата на летовите „Аполо“ завршила. Јавниот интерес за истражување на вселената се намалил. Две години подоцна, дизајнерите Ричард Ден и Брус Блекбурн создале портфолио кое ќе го промени изгледот на НАСА.


Се работи за водичот за графички стандарди во НАСА кој бил загубен со децении, а сега повторно го бара вниманието на јавноста. Водичот е дело на млада дизајнерска фирма на Ден и Блекбурн, која добила молба за предлог од НАСА во однос на дизајнерските и графички стандарди во агенцијата. Фирмата го добила проектот и започнала да ја дизајнира визијата на агенцијата.

Во текот на следните децении, водичот ќе биде додаден на документ со инструкции за дизајнирање на целиот идентитет на НАСА, од логоа до вселенски летала. Во 1995 година, НАСА добива ново лого. Во 2015 година, водичот на Ден и Блекбурн се подготвува за повторно објавување преку кампања на „Кикстартер“.

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука