X
 27.05.2020 Наука

Лошите временски услови го одложија лансирањето на ракетата на „Спејс Екс“

Лошите временски услови ја принудија „Спејс Екс“ да го прекине лансирањето на ракетата која требаше да ги пренесе двајцата астронаути на НАСА, Даг Харли и Боб Бенкен, до Меѓународната вселенска станица.

За три дена, односно во сабота, ќе имаме можност да го гледаме целиот процес одново во 15:22 по американско време, што значи дека кај нас би било во 21:22 часот.

За тогаш има 60% шанси за добри временски услови, но како и секогаш со Флорида на пролет, можно е да има бури.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука