X
 04.09.2015 Живот

Искуствата се тие што ве прават среќни, не парите

Новата облека, модерните обувки и скапиот накит може да предизвикаат насмевка на вашето лице, парите не ја купуваат среќата. Впрочем, се чини дека најсреќните луѓе на светот живеат без шопинг и непотребно трошење. Наместо тоа, овие луѓе ги трошат парите за патувања, искуства и спомени и тоа се исплаќа.


Едно истражување објавено во списанието „Позитивна психологија“ им покажува на луѓето кои купуваат скапи производи дека парите треба да ги инвестираат во искуства наместо во материјали добра.

Истражувачите од Универзитетот во Сан Франциско откриле дека животот треба да се вреднува според спомените кои ги создаваме, но луѓето забораваат на ова фокусирајќи се на трендовите.

Од друга страна, истражување од универзитетот „Корнел“ покажува дека младите денес се примамени да трошат под влијание на општеството, поради што дијамантските часовници и најновите технолошки уреди не само што се скапи, туку и привлечни и модерни.

Сепак, факт е дека она што нè дели од нашите предци е тоа што сè што купуваме се фотографира и промовира пред да се користи (доколку се користи).

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот