X
 08.12.2018 Технологија

Во оваа земја секој нов дом ќе мора да има соларни панели

Официјално, сите нови домови изградени во Калифорнија по 2020 година ќе мора да бидат барем делумно соларни.

Комисијата за стандарди во градежништвото во Калифорнија едногласно гласаше за одобрување на новите стандарди, кои бараат новите домови да ги компензираат потребите за електрична енергија.

Другите барања што се дел од новите „зелени“ кодекси за градба вклучуваат подебела изолација, поефикасни врати и подобрени системи за вентилација. Новиот услов за соларна енергија важи за сите нови згради високи до три ката, вклучувајќи ги и становите. Сопствениците на куќи ќе имаат можност да генерираат или да купуваат електрична енергија за локална заедница или електрична мрежа во сопственост на претпријатие.

соларни

Критичарите на новите барања тврдат дека сончевите панели и инсталацијата се скапи и не сите локации во Калифорнија се погодни за генерирање соларна енергија на ефективен начин.

Комисијата за стандарди планира да одговори на овие грижи дозволувајќи им на сопствениците да закупуваат соларни панели од владата или да потпишат „договори за купување енергија“, кои во основа би им дозволиле да купуваат соларна енергија од други производители.

Од сопствениците на домовите нема да се бара да ја надоместат целата сметка за електрична енергија со генерирана соларна енергија.

Новите барања доаѓаат додека некои делови од државата сè уште закрепнуваат од шокот предизвикан со најголемите пожари што некогаш биле забележани. Додека неутрализирањето на потпирањето на фосилни горива е добра работа, новите одредби би можеле да им отежнат на граѓаните повторно да го изградат она што го загубиле во пожарите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија