X
 27.12.2015 Технологија

Најдобрите и најлошите идеи кои ќе ги видиме на авионите

Авиокомпаниите би направиле се` за во авионите да сместат што повеќе патници.  Компанијата „Аirbus“, една од најголемите светски произведувачи на авиони, секоја година пријавува стотина патенти, кои опфаќаат се` - од насока на седиштето до изглед на прозорците.

 

idei


Повеќето од овие идеи можеби нема да бидат применети, а некои од нив даваат само увид во која насока се развива воздухопловната технологија.

Петте најдобри предлози

1. Компанијата „Windspeed Technologies“ го измисли системот „SkyDeck“ кој им овозможува на патниците да уживаат во фантастичен поглед за време на летот. Ова би можело да им донесе екстра профит на компаниите. Седиштате би требало да се вртат во круг.

 

2. „Airbus“ патентира патничка кабина која целосна би била издвоена од останатиот дел од авионот и која со помош на кранови би можела да се премести на терминал. Од компанијата истакнуваат дека со ова не би биле потребни скали кои на патниците со посебни потреби им го отежнуваат качувањето и симнувањето од авионот.

 

2


3. „Emirates“ пронајдоа начин во кабината да додадат уште 98 седишта - едноставно ќе ја исфрлат првата класа.

 

3


4. Прозорец и iPad во едно. „Airbus“ одлучи да ги спои убавото и корисното - овој патент подразбира полупроѕирни екрани со софтвер кој го следи погледот и технологија која прикажува слика од опкружувањето на авионот.

 

4


5. Меѓу подобрите идеи е и „Concorde 2“. „Airbus“ планира да направи авион кој ќе лета 4.5 пати побрзо и патниците од Њујорк до Лондон ќе ги пренеси за еден час.

 

5


Петте најлоши предлози

1. Францускиот произведувач „Zodica Aerospace“ одлучи да ги исфрли прозорците од авионот и да ги замени со екрани поставени по целата должина на трупот, додека пак касетите, кои досега стоеле над главата на патниците, да бидат заменети со плакари кои ќе се наоѓаат покрај патникот. На екраните, освен надворешноста, патниците ќе можат да прикажуваат и слика од своите лични уреди - паметни телефони, таблети, лап топи.

 

6


2. „Седење на главите“, во два редови, еден над друг - уште едно „генијално“ идејно решение од „Airbus“.

 

7


3. „Zodiac Aerospace“ има уште една идеја. Тие пронашле начин да ги седнат патниците како „сардини“, такашто во секој ред ќе стави уште едно седиште кое ќе гледа во спротивна насока. Ова го нарекоа хексагонален распоред на седиштата.

 

8


4. И повторно „Aribus“. Боксови за спиење, со нозете кон средината на авионот. Сепак патниците ќе мора да се врзат за време на полетувањето и слетувањето.

 

9


5. На саемот „Aircraft Interiors Expo 2015“, „Airbus“ ја претстави својата верзија за моделот „A380“ со дури 11 седишта во еден ред. Но, тоа не значи дека авионот ќе се зголеми. Авионот останува со иста големина, но седиштата ќе бидат потесни и ќе бидат со должина од 45 сантиметри. Можна примена во 2017 година.

 

10

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија