X
 05.09.2015 Живот

Како да препознаете кога некој лаже?

Постојат премногу луѓе кои лажат и мамат во светот. За оние кои не спаѓаат во оваа група, лажењето може да биде една од најзбунувачките и најмалку сфатените делови од човековата природа.

 

лага


Професор Д-р Пол Екман, кој е познат по неговите истражувања во врска со лажењето, открива кои се 8-те најчести митови поврзани со лажењето. Исто така тој бил консултант во серијата „Lie to me“, направена врз основа на неговата работа.

Ова се митовите во кои луѓето често веруваат, според него.

Мит #1 - Сите лажат. И не баш. Барем не за сериозни работи, и не за лаги поради кои ако би биле фатени би завршиле една љубовна врска, вработување, слобода, голема сума на пари или живот. Она што се нарекува голема лага е онаа на криминалецот, терористот, измамникот и сите други кои полицајците ги нарекуваат „лоши момци“.

Мит #2 - Никој  не лаже.
Тешко. Скоро секој кажува понекоја бела лага. На пример од учтивост, или фалејќи го домаќинот и покрај ужасната и досадна вечера, поради ласкање и така натаму. Никој не очекува да му ја кажете вистината во вакви ситуации.

Мит #3 - Жените можат да забележат лажење подобро од мажите.
Не, тие не можат; повеќето луѓе се ужасни во фаќање на лаги, и често пати се измамени од големите лаги повторно и повторно. Често пати тие сакаат да веруваат во лагите и лажгото. Сигурно не сакате да дознаете дека вашиот/вашата партнер/ка ве изневерува или пак дека вашите деца се дрогираат. Постојат тешки вистини кои треба да се прифатат, такашто целта на лагата често пати соработува со заблудата бидејќи вистината е премногу болна.

Мит #4 - Психопатите се совршени лажговци
. Психопатите не се повеќе вешти во лажењето од било кој друг нормален човек, но тие се толку шарнамнти што ние сакаме да им веруваме, такашто им веруваме.

Мит #5 - Гледањето нагоре и налево е знак дека некој човек лаже. Истражувањето покажува дека гледањето во одредена насока не е поврзано со тоа дали човек лаже.

Мит #6 - Микро изразите на лицето се доказ за лажење. Минливите изрази откриваат емоција која е прикриена, и тоа е еден вид на лага, но невините под сомнение можат да го сокријат својот страв или лутина. Треба да откриете зошто тие ги кријат своите емоции, за да можете да процените дали е знак на вина или нешто други.

Mит #7 - Полиграфот е сигурен детектор за лаги.
Полиграфот, таканеречниот „детектор за лаги“ е нешто подобро од среќа. Но, има корист од неговата употреба во кривичните истраги - ако еден од осомничените не го помине тестот, тој е првиот кој треба да се испита, имајќи на ум дека тој би бил најнервозен и најзагрижен ако детективите не му веруваат.

Мит #8 - Тешко може да откриете лага од однесувањето на луѓето. Постојат таканаречени „жешки точки“ кои укажуваат на тоа дека не ја добивате целосната приказна од некоја личност. Ако навистина сакате да фатите лажго, постојат 30 различни „жешки точки“ на кои треба да обрнете внимание.

Микро изразите на лицето и гестикулациите се двете најважни, но постојат многу други. На пример, малото стегање, обично на едното рамо, заедно со вербален исказ на доверба е пример за „жешка точка“.

А сега тестот...

 

2


На која од фотографиите подолу Џулија Робертс покажува дека лаже, а на која покажува дека е реална?

Одговор: Лажна насмевка на левата фотографија, вистинска насмевка на десната фотографија.

Вистинските насмевки вклучуваат и „смеење со очите“, со што очите се позатворени.

„Не е важно на кој јазик зборувате, каде живеете, што работите - изразите на лицето со кои покажувате лутина, страв, тага, одвратност, изненадување, презир и среќа се истите за сите луѓе. Вие ги споделувате овие изрази со сите луѓе“, вели Д-р Екман.

Кои емоции ги искажува човекот на секоја од фотографиите?

 

3


Одговор: лутина, одвратност, страв, среќа, тага и изненаденост.

Во продолжение следува анализа на секој израз земена од тв серијата „Lie to me“.

 

4

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот