X
 10.09.2015 Наука

Како да забележите црна дупка?

Не треба да сте професионален астроном за да можете да пронајдете црни дупки. Еве како можете да забележите една, користејќи го вашиот лап топ или паметен телефон.

 

1


„Radio Galaxy zoo“ е онлајн платформа која им овозможува на луѓето да даваат вредносни придонеси за астрономијата, преку идентификување на радио млазови од супермасивни црни дупки, поврзувајќи ги овие црни дупки со нивните галаксии кои им се домаќини. Преку платформата волонтерите веќе успеале да видат повеќе од 1.2 милиони фотографии од вселената, напарвени од телескопот во Ново Мексико. Луѓето поврзале 60.000 радио извори со нивните галаксии домаќини, подвиг за кој еден астроном би требало да работи 40 часа во неделата, 50 години.

Тоа го направиле со толкава точност велат експертите. Супермасивните црни дупки се гравитационата „чивија“ во центарот на повеќето галаксии, и имаат многу да кажат за еволуцијата на универзумот во текот на космичкото време. Проблемот е во тоа што тие се прилично тешки за забележување, бидејќи тие сакаат да проголтуваат светлина и материјата. Но повремено, црните дупки ќе испуштат спектакуларни млазови од материјали кои ја формираат ѕвездата во неговото космичко соседство. Овие млазови кои светат убаво и светло во радио делот од електромагнетниот спектар, се знак дека во близина има супермасивна црна дупка.

Се чини дека ова е одлична вест за научниците кои сакаат да ги проучуваат црните дупки, меѓутоа голем број од млазовите имаат чудни, сложени структури кои не одат добро со компјутерските алгоритми. Потребно е човечко око за да се идентификуваат.

 

2


Токму тука влегува во игра „Radio Galaxy Zoo“ - на волонтерите им се дадени фотографии од телескоп направени и во радио и во инфрацрвениот дел од електромагнетниот спектар, и од нив се бара да ги споредат фотографиите и да ги поврзат радио изворите со нивните галаксии домаќини.

Пред да го отворат патот до универзумот, волунетрите треба да направат тренинг туторијал за да го подобрат видот. Истражувањата покажуваат дека со тренингот, волонтерите покажуваат и повеќе од добри резултати.

„Со ова истражување им покажуваме дека откако ќе го поминат нашиот туторијал, тие се исто толку добри колку нашиот панел на експерти“, вели астрономот и архитект Џули Банфилд.

Со тоа што „Radio Galaxy zoo“ нуди одличен почеток, астрономите имаат надеж дека волонтерите ќе започнат да играат уште поголема улога во анализирањето на големите бази на радио.

„Мислам дека овие научни програми за граѓаните се неверојатни. Од една страна неверојатно корисно е да бидат толку луѓе вклучени, а од друга страна дали не е прекрасно што на луѓето им давате шанса да бидат научници. Нема подобар начин тие да научат како функционира науката“, вели астрономот Адам Френк кој предава на Универзитетот во Рочестер.

Доколку сонувате некогаш да станете астроном, тогаш веднаш преземете ја „Radio Galaxy Zoo“ и започнете со вашиот тренинг. Универзумот ве чека.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука