За голем број студенти низ светот денес, одлуката за тоа што да студираат најчесто е заснована врз она за кое се заинтересирани и страсни. Но, за оние кои сакаат да имаат проспективна кариера која најмногу би им се исплатила, добро би било да продолжат со читање.
Најдобрите програми за студенти оваа година доаѓаат од областа на инженерството. Хемискиот и нафтениот инженеринг се најдобрите студентски програми за студентите врз основа на работните места, платата и другите нематеријални средства.
Хемиско инженерство
Почетната плата за хемиските инженери во просек започнува од 69.000 долари, и достигнува до 116.000 долари.
Најдобриот дел е тоа што ви е потребна само додипломска диплома за да пронајдете работа, такашто нема потреба да запишувате магистерски или докторски студии. Поради експлозијата на фармацевтскиот бизнис, хемиските инженери станаа неопходни за компаниите кои се обидуваат да направат масовно производство на лекови за пазарот.
Хемиските инженери треба да бидат заинтересирани за хемија и математика. За студентите кои ја сакаат науката, ова е одлична кариера која ветува висок раст во годините што доаѓаат. Професорот и поранешниот хемиски инженер Реџиналд Томкинс, кој моментално предава на Институтот за технологија во Њу Џерси, вели дека хемиските инженери се здобиваат со многу вештини кои се применливи и во другите индустри и професии, вклучувајќи го менаџментот и финансиите.
„Хемиските инеженери учат моделирање и предвидување на студии. Знаењето кое ќе го стекнат можат да го применат на многу други места“, вели тој.
Нафтено инженерство
Ова е една од ретките професии која им овозможува на вработените да заработуваат добри пари без да имаат магистерски или докторски дипломи. Нивната просечна почетна плата е 102.000 долари, која до средината на кариерата може да достигне до 176.000 долари.
За студентите кои се заинтересирани за ова поле, треба да се заинтересирани за агрономија, и инженерство. Тие исто така треба да знаат како работи нафтата и како таа се добива.