Звучи како нешто од научно-фантастичните книги и филмови, но сепак се наоѓаме во реалноста.
Американски научници создале импланти кои се способни за патување низ телото, притоа впивајќи ги и чистејќи ги карциномните клетки. Овие импланти биле тестирани на глувци, а научниците сметаат дека истите ќе функционираат и кај луѓето.
Имплантите работат навидум едноставно - имплантот ја спречува заразената клетка која се обидува да зарази нова. Ова е особено битно земјаќи го предвид фактот дека 9 од 10 смртни случаи од карцином се предизвикани од проширување на болеста во други делови од телото.
Новите експериментални импланти се широки 5 милиметри и биле тестирани кај глувците со тумор на дојката. Покрај тоа што имплантите може да го спречат ширењето на ракот, тие може и да ги намалат заразените клетки.
Резултатите од истражувањето се охрабрувачки за светот со оглед на тоа што научниците бараат начин за стопирање на ширењето на ракот со децении.