Бразилец може да биде првиот човек излекуван од ХИВ со терапија со лекови, изјавиле научници на годишната медицинска конференција за СИДА.
34-годишниот маж добил дијагноза за ХИВ во 2012. Тој е еден од четворица пациенти на кои била тестирана терапијата со лекови и е единствениот што може да биде излекуван, според резултатите. Заклучокот од тестирањето на терапијата бил претставен минатата недела на онлајн-конференција за СИДА.
Сепак, научниците предупредуваат дека е потребна дополнителна анализа. Според нив, ова претставува прво отстранување на
вирусот без трансплантација на коскена срж. Пациентот би бил третиот човек во светот излечен од ХИВ доколку терапијата се потврди за успешна.
Фото: Pixabay
Човекот ја добивал интензивната терапија во период од една година, а претходно бил дел од клинички тестирања на дел од лековите во терапијата. Тој ја завршил терапијата во март 2019, а оттогаш се тестирал на секои три недели и една година подоцна не покажува знаци на вирусот или антитела.
Според експертите, недостигот на антитела кај пациентот потврдува дека тој е излекуван од ХИВ. Третманот на пациентот бил скап и напорен бидејќи лековите се земаат секојдневно.
Автор: Бред Берган
Извор:
interestingengineering.com