Дури 7 основни училишта во Струга немаат електрична енергија од почетокот на годината. Причина за тоа е големиот долг на училиштата, кој изнесува повеќе од еден милион евра.
Наставниците реагираа во текот на изминатата недела и побараа решавање на проблемот со помош на државата, но ефектот не беше постигнат.
На седницата на Советот на родители денес беше договорено да се бојкотира првиот час во четврток и петок, а целосен бојкот на наставата е најавен од понеделник.
Засега часовите се одвиваат со скратено работно време, пренесува „
Алсат-М“.